Столтенберг: НАТО стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира напролет

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира напролет.

„Русија сега се обидува да го „замрзне“ конфликтот, пред да започне поголема офанзива на пролет“, рече Столтенберг преку видео врска на конференцијата за нови геополитички и економски стратегии организирана од британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Столтенберг рече дека сојузниците од НАТО мора да продолжат да испраќаат помош за Украина, бидејќи конфликтот, кој се очекува да влезе во помирна фаза во текот на зимата, ќе продолжи и во текот на пролетта, пренесува „Фајненшл тајмс“.

За време на своето излагање, Столтенберг нагласи дека евентуалната „победа на Русија ќе предизвика сериозни последици за алијансата и ќе го направи НАТО поранлив.

Запрашан за коментар за нападите врз воздушните воени бази од украински беспилотни летала, генералниот секретар на НАТО рече дека нема информации за овие конкретни инциденти. „Гледаме дека Украина спроведува самоодбрана. Мораме да го разгледаме контекстот. Гледаме секојдневни руски напади врз украинските градови, критичната инфраструктура на Украина.

„И, се разбира, Киев има право на самоодбрана“, рече Столтенберг, додавајќи дека ставот на Алијансата е дека НАТО „го поддржува правото на Украина како суверена држава на самоодбрана“.

Претходно агенцијата „Блумберг“ ја пренесе изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Вашингтон не и помогнал на Украина да изврши удари на територијата на Русија.

На 5 декември, украинските сили се обидоа да ги нокаутираат руските авиони со долг дострел, напаѓајќи ги воените аеродроми „Дијагилево“ во регионот Рјазан и „Енгелс“ во регионот Саратов со реактивни дронови од советско производство.

Руската воздушна одбрана успеа да ги собори беспилотните летала.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски