Столтенберг: Шведска презеде важни чекори кон решавање на барањата на Турција

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Шведска презела важни чекори за исполнување на барањата на Турција за одобрување на членството на Стокхолм во Алијансата.

– Го поздравувам фактот што Шведска веќе почна да ја менува својата антитерористичка легислатива и дека ќе се погрижи правната рамка за извоз на оружје да го одразува идниот статус на членките на НАТО со нови обврски кон сојузниците, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Тој додаде дека ова се два важни чекори за решавање на загриженоста изразена од Турција.

Андерсон соопшти дека Шведска ги променила своите закони за тероризам и е во процес на дополнително заострување на регулативите.

– Од 1 јули ќе имаме уште посилно законодавство кога станува збор за борбата против тероризмот. Нема прашање колку силно шведските власти сакаат да се борат против тероризмот. Ние сме подготвени да придонесеме во борбата против тероризмот, додаде Андерсон.

Столтенберг нагласи дека целта е Шведска и Финска да влезат во НАТО „што е можно поскоро“ и дека е незамисливо сојузниците од НАТО да не ја бранат Шведска доколку биде нападната.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање да се приклучат на западната одбранбена алијанса како одговор на конфликтот во Украина.

Двете земји се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи што ги смета за терористи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски