Столтенберг: Руските воздушни напади во Сирија ги загрозуваат мировните преговори

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека интензивните руски воздушни напади во Сирија врз цели на бунтовничките сили ги „поткопуваат напорите“ за наоѓање политичко решение за судирите во земјата.

– Тоа што го гледаме е дека опозициските групи во Сирија главно се мета на интензивни руски воздушни напади, а тоа ги загрозува напорите за наоѓање политичко решение за конфликтот, истакна Столтенберг во Амстердам, каде се одржува состанок на министрите за одбрана од земјите членки на НАТО.

Тој нагласи дека „зајакнатото присуство на Русија, активноста во воздушниот простор во Сирија, исто така, предизвикува зголемени тензии и непочитување на турскиот воздушен простор“.

Би можело да ве интересира

Пјонгјанг: САД создаваат азиско НАТО

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени