Столтенберг: Порешителни акции против руските шпиони во земјите на НАТО

Од:

Членките на НАТО се подготвени да преземат поостри акции против руските шпиони во земјите-членки на алијансата, како одговор на кампањата на Москва со непријателски активности, кои вклучуваат акти на саботажа и сајбер напади, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Видовме неколку примери на саботажа, обиди за палење, сајбер напади, дезинформации“, изјави Столтенберг за новинарите, додавајќи дека министрите за одбрана на НАТО на претстојниот состанок во Брисел ќе се фокусираат на „руската кампања на непријателски активности против сојузниците на НАТО“ објави Ројтерс.

Столтенберг рече дека министрите ќе разговараат и за опциите на НАТО да одговори на руските закани, вклучително и заштита на критичната поморска и сајбер инфраструктура, како и „построги ограничувања за рускиот разузнавачки персонал во земјите на Алијансата“.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во руската област Курск е легитимен

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски