Столтенберг: Поради Русија, НАТО ги зајакнува одбранбените капацитети

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека поради Русија Алијансата ги зајакнува одбранбените капацитети од Балтикот до Црно Море, како и дека ги одржува сите можни контакти со Москва отворени за да се избегне каква било несакана ескалација на тензиите.

Тој потврди дека министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО на дводневниот состанок во Брисел ќе го поддржат планот за испраќање на четири мултинационални баталјони во балтичките држави и во Полска.

Столтенберг додаде дека очекува да се донесе одлука за формирање на нова мултинационална единица на копнени сили во Романија.

Претставници на НАТО изјавија дека се разгледуваат и дополнителни предлози за зголемување на воздухопловните и поморските одбранбени капацитети во Црно Море, каде доминира руската поморска флота стационирана во Севастопољ на Крим.

– Иако НАТО реагира на потенцијалната безбедносна закана од Москва во исто време испраќаме многу силна порака дека не сакаме конфронтација со Русија, Не сакаме нова Студена војна, посочи Столтенберг.

Тој додаде и декае важно каналите за политички дијалог, како и воените контакти да останат отворени.

Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков порача дека Русија ќе ги преземе неопходните мерки за заштита на својата безбедност, доколку НАТО распореди четири нови баталјони во Источна Европа.
 
– Нашето Министерство за одбрана и соодветните служби ги следат промените во распоредувањето на странски вооружени сили во близина на нашите граници, ги анализираат сите тие движења и промени на контингентите и несомнено ги преземаа неопхдоните мерки за извршување на своите функции: заштита на интересите и гарантирање на безбедноста на Русија, изјави Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди итни воени вежби на кои ќе се провери подготвеноста на руската армија брзо да ги мобилизира своите сили.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека денеска започнатите маневри ќе траат една седмица.

Според него, посебно внимание ќе биде посветено на „планирање на користење воени сили во различни кризни ситуации“. 

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО