Столтенберг од Романија: Постои реален ризик од вооружен судир во Европа

Од:

Генералниот секретар на ОН, Јенс Столтенберг, денеска повторно предупреди на „реалниот ризик од нов вооружен конфликт во Европа“, за време на посетата на клучната воена база на Алијансата во Романија.

-Бројот на руски војници расте како што се скратуваат роковите за предупредување, рече Столтенберг во базата „Михаил Когалничан“, во југоисточниот дел на Романија, во време кога Западот ја обвинува Москва дека подготвува воен напад врз Украина.

Илјадници американски војници испратени како засилување од Вашингтон, во текот на денот треба да пристигнат за да го зајакнат источното крило на Алијансата.

Столтенберг додаде дека се можни и други сценарија освен инвазија на Украина, наведувајќи за обиди за соборување на владата во Киев или хибридни кибер напади.

-Истовремено нема безбедност и затоа ние продолжуваме да ја повикуваме Русија на деескалација и на политички дијалог со НАТО, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис.

Укажувајќи на „загриженоста“ на НАТО поради концентрацијата на војници и руската заканувачка реторика, тој го наведе единството на сојузниците и нивната решеност да реагираат.

-Затоа е толку важно присуството на трупите на НАТО во Романија, рече Столтенберг, кој ја поздрави подготвеноста на Франција да учествува во идните тактички сили во Романија, земја која граничи со Украина.

Романскиот претседател ја осуди руската „стратегија на заплашување“.

-Поминуваме низ најтешката криза од падот на железната завеса, изјави Јоханис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“