Столтенберг: Неискористен е потенцијалот на НАТО во борбата против тероризмот

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека со шефот на Пентагон, Џејмс Матис се согласил дека постои неискористен потенцијал на Алијансата во борбата против тероризмот.

Тој алудираше на обука на локалните сили и зајакнување на нивните капацитетите, додавајќи оти НАТО со години работел во Авганистан и на Балканот.

Столтенберг потенцира и дека од безбедноста во Европа корист ќе има и Северна Америка.

– Во време на превирање, во време на несигурност, потреба за силни меѓународни институции како НАТО.. Стабилноста во Европа е добра за сите нас, Двете светски војни и Студената војна не научи дека мирот и стабилноста се важни за Европа, но и за Северна Америка, истакна Столтенберг.

Матис, еден ден откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон објави дека нема да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во април, оцени дека трансатлантската врска е се посилна.

– Имаме многу силна трансатлантска врска. Таа зајакнува, односите не остануваат исти, тие секогаш се менуваат. Во овој случај, врската зајакнува, наведе Матис.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад