Столтенберг: НАТО останува во Ирак

Од:

Ирачката Влада му даде зелено светло на НАТО да остане во земјата, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Дозволата е дадена само неколку недели откако Ирак побара странските сили да ја напуштат земјата по американското убиство на иранскиот генерал Касим Сулејмани, недалеку од аеродромот во Багдад.

Ирачката Влада ја потврди нашата желба да ги продолжиме активностите на НАТО за обука, советување и градење капацитети на ирачките вооружени сили.

Ние ќе останеме само во Ирак се додека сме добредојдени, изјави Столтенберг за време на состанокот на министрите за одбрана.

Мисијата за обука на НАТО во Ирак, предводена од Канада, почна во 2018 година и опфати приближно 500 војници.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје