Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во трка за вооружување

Од:

НАТО „нема да биде вовлечен во трката за вооружување“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, оценувајќи дека военото јакнење на организацијата, кое е во тек, претставува одговор на „агресивните дејности на Русија во Европа“.

– НАТО нема да биде вовлечен во трката за вооружување, но мораме да ја зачуваме безбедноста на нашите земји, истакна Столтенберг пред средбата на министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО во Брисел.

Алудирајќи на полуостровот Крим, тој нагласи дека „присоединување дел од територија не е дефанзивен, туку агресивен чин“.

– Русија продолжува со испраќање единици и опрема, со цел да го дестабилизира источниот дел на Украина. Нема никаков сомнеж дека Русија е одговорна за агресивните дејствија во Европа, додаде Столтенберг.

НАТО од септември 2014 година одлучи за воено јакнење, со поголем број маневри, формирање реактивни сили кои можат да се распоредат за 48 часа и двојно поголем број на реакциски сили.

Генералниот секретар на Алијансата истакна дека овие мерки се „дефанзивни и согласно меѓународните обврски“.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО