Столтенберг: НАТО не сака нова Студена војна

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој присуствува во Софија на одбележување на 15-годишнината од зачленувањето на Бугарија во Алијансата, предупреди дека руското кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) претставува тежок безбедносен предизвик.

Тој упати апел до Русија повторно да почне да го почитува ИНФ, договор кој со децении беше основа за контрола на вооружувањето во светот.

Столтенберг по средбата со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов наведе дека „НАТО не сака нова Студана војна“.

– Ние не сакаме нова трка во вооружувањето и ја повикуваме Русија да се врати на примена на ИНФ, посочи Столтенберг, додавајќи оти „Алијансата треба да биде подготвена за свет во кој нема да има Договор за нуклеарни сили со среден дострел, но ќе има повеќе руски ракети“.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година