Столтенберг: НАТО не сака конфронтација со Русија

Од:

НАТО не сака конфронтација со Русија, натпревар во вооружување и нова Студена вона, но смета дека е важно да реагира на акциите поврзани со демонстрација на воена сила, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој посочи дека е важно е да се држат отворени каналите за политички дијалог и да се изнајдат начини за намалување на тензиите и за избегнување на недоразбирањата.
Столтенберг ја потенцира важноста на одржаниот Совет Русија-Нато на 20 април, прв по две години.

– Тоа беше важно бидејќи ако молчиме нема да ги решиме постоечките проблеми, наведе генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.

Според него распоредувањето на дополнителна војска на источната граница на Русија не е во спротивност на Договорот од 1997 година меѓу Русија и НАТО, со кој се забранува распоредување на големи трупи на руската граница.

– Тоа што сега го правиме во балтичките држави и во Полска не е зголемување на воените сили, посочи Столтенберг, додавајќи оти НАТО не сака таму постојано да стационира илјадници војници. 

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО