Столтенберг: НАТО и во иднина ќе ги развива одбранбените можности, па и во сферата на ПРО

Од:

По разместувањето на американскиот систем за противракетна одбрана „Иџис“ во Романија и Полска, НАТО и во иднина ќе ги развива своите одбранбени можности, вклучувајќи ја и сферата на ПРО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во статијата што денеска беше објавена од полскиот весник „Газета виборча“ и цитирана од ТАСС.

„И во иднина ќе го зацврстуваме нашиот систем за одбрана, за членките на Алијансата да можат да се чувствуваат ослободени од секакви закани, вклучувајќи ги и балистичките ракети“, напиша тој.

„Шеесет и седумте години постоење на НАТО докажаа дека никогаш не може да бидеме сигурни со што ќе се судриме во иднина. Сфативме колку е важно да сме подготвени да ги браниме нашите држави од сите можни закани. Отворањето на базата во Девеселу и почнатата изградба во Реџиково се последните важни чекори од овој процес“, забележа генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз.

Според Столтенберг, базите за ПРО во Полска и Роамнија „значително ќе ги прошират одбранбените можности на НАТО“.

„Други земји од Алијансата, исто така, ќе ја одиграат својата улога: Шпанија ќе даде бази за бродови со „Иџис“, Германија – центар за управување, на територијата на Турција ќе се изгради радар за рано предупредување, Данска и Холандија на своите бродови ќе монтираат нови радари“, додаде тој.

Важно е што механизмот што го создадовме има одбранбен карактер. Нашите ракети за уништување непријателски гранати не содржат експлозивни материи, туку само ги соборуваат своите цели во нашиот воздушен простор. Не би можеле да ги искористиме за напад, дури и да сакаме“, тврди генералниот секретар на НАТО.

„Нашиот систем воопшто не му се заканува на рускиот нуклеарен арсенал“, уверува тој.

– Географијата и физиката не ни даваат можност да соборуваме руски интерконтинентални балистички ракети, затоа што нашите штитови за ПРО се малобројни и разместени предалеку на југ или преблиску до границите на Русија, додаде Столтенберг.

НАТО ќе го продолжи дијалогот со Руската федерација.

„Во моментов, кога имаме напрегнатост во односите меѓу нас, премногу важно е каналите за комуникација да останат отворени“, подвлече Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО