Столтенберг: НАТО го разгледува барањето на Авганистан

Од:

НАТО го разгледува барањето на авганистанските власти, во таа земја да се испратат дополнителни неколку илјади војници. За неколку недели ќе биде донесена одлука во рамките на таа мисија, изјави денеска во Лондон генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Во моментов го разгледуваме барањето. Одлуката ќе ја донесеме за неколку недели, наведе Столтенбер, истакнувајќи дека тука не станува збор за „враќање на воената операција“ во Авганистан.

Тој објасни дека понатамошната операција ќе се однесува на обуки и советување.

Столтенберг ја даде оваа изјава по состанокот со британската премиерка Тереза Меј.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан