Столтенберг: НАТО е подготвен да реагира!

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес изјави дека Алијансата внимателно ги следи настаните во Белорусија.

Ројтерс пренесе дека според првиот човек на НАТО, Алијансата не претставува закана за Белорусија.

„Ние остануваме будни, строго дефанзивни и подготвени да спречиме било каква агресија против сојузниците на НАТО”, додаде Столтенберг.

Претседателските избори во земјата се одржаа на 9 август, а според резултатите објавени од Централната изборна комисија на Белорусија, на 14 август актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,1 процент од вкупниот број на  гласови.

Неговиот политички ривал, Светлана Тихановскаја, која во меѓувреме замина во Литванија, освои 10,12 проценти.

Вечерта на денот на изборите, граѓаните, незадоволни од организацијата и резултатите од гласањето, излегоа да го искажат својот револт на улиците низ Белорусија.

Според Министерството за внатрешни работи, за време на немирите повредени биле стотици луѓе, меѓу нив повеќе од 120 припадници на полицијата, а еден демонстрант беше убиен.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

Руте ги повикува членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски