Столтенберг: Испраќањето НАТО војници во Украина моментално не е на дневен ред

Од:

Испраќањето на НАТО војска во Украина во моментот не е на дневен ред, изјави за финската телевизија МТВ3 генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг, кој од вчера се наоѓа во дводневна посета на Финска, јави ТАСС.

– Испраќање на НАТО војска во Украина не е на дневен ред. Ние нудиме на Украина сериозна политичка и практична помош. Го поддржуваме нејзиниот суверенитет и мировен процес, исполнувањето на договорот од Минск, како и помош во реформирањето и модернизирањето на украинските вооружени сили со цел зголемување на одбранбената способност на земјата, изјави Столтенберг.

Секоја земја членка на Алијансата сама треба да реши дали ќе достави оружје на Украина, истакна тој. – Украина има право да се брани. Но, за доставата на оружје треба да реши сама секоја од земјите членки, истакна генералниот секретар на НАТО.

Ситуацијата со примирјето во Украина е „многу кревка“, но како целина режимот за прекин на огнот се почитува, констатира Столтенберг, додавајќи дека треба да се направи се, за што постои капацитет, за да се дојде до мирно, политичко решение на конфликтот и основа за трајно примирје. 

Би можело да ве интересира

Пјонгјанг: САД создаваат азиско НАТО

Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО

Катерина Ѓуровски

НАТО и се закани на Кина

Претстојниот Самит на НАТО и поддршката за Украина, главни теми на средбата на министрите за одбрана на Алијансата

Горан Наумовски

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров