Столтенберг: Иако Русија тврди дека се повлекува, ситуацијата на терен е поинаква

Од:

Членките на НАТО продолжуваат да ги користат сите дипломатски мерки за решавање на кризата во Украина, но не гледаат знаци на деескалација, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, тој повтори дека иако Русија тврди дека нејзините трупи се повлекуваат од границата со Украина, ситуацијата на терен го покажува спротивното „и тоа секој може да го види од снимки од комерцијални сателити“.

– Русија се обидува да создаде изговор за инвазија на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО.

– Членките на НАТО и обезбедуваат на Украина инструктори, воена опрема, разузнавачки информации и значителна финансиска помош, додаде тој.

Столтенберг рече дека НАТО сè уште не го добил одговорот од Русија во врска со европската безбедност, документ за кој официјална Москва соопшти дека денеска ќе го достави до Вашингтон.

Тој уште информира дека НАТО кон крајот на годинава ќе спроведе воена вежба во Грузија.

– ЕУ соопшти дека ќе одржи воени вежби во Грузија подоцна оваа година и НАТО ќе учествува во нив, рече Столтенберг на прашањето за можноста за воени вежби во Грузија во март.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија