Столтенберг: Европските планови за одбраната само во рамките на НАТО

Од:

Мислам дека од двете светски војни, но, исто така, од времето на Студената војна, научивме колку се важни трансатлантските односи и затоа мораме да се грижиме Европа и Северна Америка да се држат заедно, рече генералниот секретар на Aлијансата, Јенс Столтенберг.

Тој во интервју за „Дојче Веле“ изјави дека ги поздравува посилните напори во одбраната на Европската Унија, затоа што верува дека тоа ќе ги зајакне одбранбени сили на Европа и ќе отвори можност за нови инвестиции во одбраната.

– Меѓутоа, не ја поздравувам опцијата да работиме двојна работа. Затоа европските одбранбени планови мора да се спроведуваат во рамките на НАТО, и во таа рамка, би морало да се работи на јакнење на европскиот столб во НАТО. Ако тоа се почитува, тогаш ги поздравувам таквите европски напори на полето на одбраната, истакна Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он