Столтенберг бара зголемување на воените буџети на членките на НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг ги повика земјите членки да ги почитуваат своите обврски и да ги зголемат буџетите за одбрана, бидејќи Алијансата е во „тешка безбедносна состојба“.

Земјите на НАТО во 2014 година на Самитот во Велс се обврзаа дека ќе го запрат постојаниот пад на нивните воени расходи и во наредните десет години ќе ги вратат на ниво од два отсто своите БДП. 

Столтенберг овој нов повик го упати по состанокот со холандскиот премиер Марк Руте во Хаг, пред средбата на врвот во Варшава кон почетокот на јули. 

– Холандија веќе го зголеми воениот буџет со цел да помогне да се спречат актуелните закани на исток и југ на границите на НАТО, изјави Руте на прес-конференцијата. 

Холандија, чиј воен буџет изнесува 7,5 милијарди евра во 2016 година, за одбрана одвои 220 милиони евра повеќе од лани и планира до 2020 година да го зголеми воениот буџет за 345 милиони евра. 

Столтенберг смета дека сојузниците прво мораат да го запрат намалувањето на средствата за вооружените сили, а потоа постепено да го зголемуваат воениот буџет. 

– Разбрам дека е тешко да се зголеми воениот буџет. Сите политичари и повеќето луѓе со кои се среќавам попрво би дале пари за здравство, образование, инфраструктура и многу други сектори, но мора да се вложува и во воениот буџет, бидејќи одбранате е предуслов за безбедност и единствена можност да се обезбеди мир, истакна генералниот секретар. 

Тој нагалси дека некои членки на НАТО се загрижени поради „големата агресивност на Русија на исток“ и „тензиите и нестабилноста на југ“, додавајќи дека на Самитот во Варшава ќе се разговара за различни можности за решенија предложени од воените експерти со цел да се распоредат „повеќе војници во источните земји“. 

Односите на Москва и НАТО повторно се влошија поради американскиот противракетен штит што се поставува во Романија и во Полска, со кој ќе управува Алијансата.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО