Стогодишнина од раѓањето на Џон Кенеди

Од:

Денеска се одбележуваат сто години од раѓањето на Џон Фицџералд Кенеди, 35-тиот претседател на САД.

Свеченостите ќе се одржат во „Претседателската библиотека и музеј на Џон Ф. Кенеди“ во Бостон, каде што ќе биде отворена изложбата со наслов „Џ.Ф.К. 100 – Настани и спомени”.

На неа ќе бидат изложени експонати од детството и младоста на Кенеди, знамето на торпедната единица, чиј командант бил тој во Втората светска војна, потоа неговата фотелја од Белата куќа, како и документи од периодот на Кубанската криза и факсимили од негови говори.

По повод јубилејот, Федералната поштенска служба пушти во промет и марка со ликот на Кенеди.

Џон Ф. Кенеди е роден на 29 мај 1917, во Бруклајн, Mасачусетс. По завршувањето на Универзитетот во Харвард, во 1941 пристапува во Морнарицата на САД како резервист, но потоа напредува до командант на торпедна единица во Тихиот Океан и е одликуван со неколку медали.

По Војната е избран за сенатор на Демократската партија од Масачусетс. На претседателските избори во 1960 го победува републиканецот Ричард Никсон и на 43 години стана најмладиот претседател на САД во историјата.

На 22 ноември 1963 Џон Кенеди беше убиен со снајпер при посетата на Далас во Тексас. Официлајната истрага заклучи дека единствениот одговорен за атентатот е поранешниот маринец Ли Харви Освалд

Би можело да ве интересира

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е