Саудиска Арабија соопшти дека додели сто милиони долари за стабилизациски проекти во североисточниот дел на Сирија.
Во соопштението издадено од Амбасадата на Саудиска Арабија во Вашингтон се наведува дека средствата „ќе спасат човечки животи, ќе го олеснат враќањето на раселените Сиријци и ќе придонесат за тоа Исламска држава никогап да не се врати во Сирија и во соседните држави и да не планира напади врз меѓународната заедница“.
Средствата ќе бидат наменети за земјоделството, образованието, патната инфраструктура,, расчистување на урнатините и за водоснабдувањето во регионот, кој сега е под контрола на Сириските демократски сили, кои ја имаат поддршката од САД.
Саудиска Арабија додели средства за Сирија во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го заобиколи Конгресот и да ја намали американската помош во странство, пред се за Сирија, Западен Брег и Газа.