Снежана Живковиќ (55) спасила еден живот, а на друг му помогнала да дојде на свет, и тоа во авион. Една од најискусните стјуардеси во Србија која го обиколила целиот свет, а по тешката сообраќајна несреќа, во која ја изгубила моќта на говорот, успела да закрепне благодарение на љубовта кон летањето.
Неброените летови ги обележела многу возбудувања, а незаборавен останува патот од Белград до Торонто во 1985. година кога на една од патничките и помогнала да се породи.
– Ми приоѓа бремена патничка и ми вели „ми тече вода низ нозете“. Јас ја прашувам, кога и е терминот за породување, а таа ми одговара дека тоа е денеска. Тргнала, како што ми кажа, во Канада таму да се породи за детето да добие нивно државјанство. Шефот на кабината ги собра сите стјуардеси, не прашува која од нас ќе ја пораѓа и јас се пријавив. Се сместивме во бизнис калсата, и ја пружив мојата рака да ме стега кога ќе ја заболи. Подобро тоа околку патниците да слушаат врисоци. Мојата рака до Торонто веќе беше црна, а бебето го дочекавме на пистата – се присетува Живковиќ на едно од најдраматичните искуства во својата кариера.