Денеска во 13:50 по централноевропско време, по девет и пол години патување и преминати 5 милијарди километри (4,5 светлосни часа), вселенското летало на НАСА прелета над Плутон.
Леталото New Horizons леташе покрај Плутон со брзина од 31 илјади милји на час.
Потврдата се очекува за неколку часа, а ќе ја обележи завршницата на турата околу 9 планети.
Плутон беше откриен во 1930 година и веднаш бил класифициран како деветтата планета во нашиот сончев систем, но со откривање на слични тела во тој дел од Сончевиот систем, во 2006 г. Плутон беше деградиран во новата класа на „џуџести планети“.
За многу кратко време, New Horizons ќе собере огромна база на податоци (фотографии и други информации) од Плутон и неговите месечини Харон, Стикс, Никс, Кербер и Хидра.
Не знаеме дали мисијата била успешна – сондата била премногу „зафатена“ за да се „јави дома“, но се очекува да прати потврден сигнал вечерва. Првите фотографии ги очекуваме утревечер.
Плутон – досегашните откритија веќе се прилично примамливи. На пример, дознавме дека Плутоновиот северен пол има обвивка од мраз, и дека дијаметарот на џуџестата планета е поголем отколку што претходно се мислеше.