Степанијан: Тензиите во Нагорно-Карабах не попуштаат

Од:

Тензиите во регионот Нагорно Карабах и денеска се на доста високо ниво, соопшти утринава ерменската министерка за одбрана, Шушан Степанијан.

„Останува напната ситуацијата на линијата на разграничување со Азербејџан. Операциите и тактичките операции не се променети. Провокациите продолжуваат, а во некои сектори на фронтот имаше и размена на артилериски оган”, напиша таа на Фејсбук, пренесе Тасс.

Министерката додаде дека од азербејџанска страна и имало напади врз населени места.

„Одбраната на Нагорно Карабах има целосна контрола врз операциите и тактичките ситуации и е подготвена за секое сценарио“, додаде ерменската министерка за одбрана во својот пост на Фејбук.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“