Стејт департментот предупредува да не се патува во Германија

Од:

Американскиот Стејт департмент ги предупреди Американците да не патуваат во Германија поради актуелното забрзано ширење на коронавирусот во земјата.

Предупредувањето на Стејт департментот на ниво 4 против патување во Германија е поврзано со најновата проценка на ситуацијата од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ

– Избегнувајте патување во Германија. Доколку треба да одите таму, обврзно бидете целосно вакцинирани пред патувањето, предупредува ЦДЦ и додава дека „поради моменталната ситуација во Германија, дури и целосно вакцинираните луѓе може да бидат изложени на ризик да добијат и пошироки варијанти на Ковид-19“.

Германија се соочува со зголемување на бројот на заразени и медицинските експерти и канцеларката Ангела Меркел предупредија дека болниците веќе се борат во некои региони.

Бројот на нови случаи на заразени во земјата се удвојува на секои 12 дена.

Германија и Данска се меѓу земјите за кои е издадено предупредување од ниво 4, највисоко ниво на скалата на ЦДЦ.

Предупредувањето од Ниво 4 важи и за другите земји во Европа кои моментално се сериозно погодени од пандемијата, вклучувајќи ги Белгија, Хрватска, Унгарија, Австрија и Холандија.

За Франција и Италија се применува Ниво 3, според кое патниците се повикуваат да ги преразгледаат своите планови за патување.

Пред пандемијата, највисокото ниво на предупредување главно беше резервирано за земјите како Авганистан и Ирак, погодени со кризи и конфликти.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски