Стејт департментот бара борба против корупцијата низ целиот свет

Од:

Американскиот Стејт департмент ги повикува сите земји во светот ефективно да ја имплементираат борбата против корупцијата и да ги почитуваат антикорупциските повелби на ОН.

Меѓународниот ден на борба против корупцијата не обврзува да продолжиме со сите наши партнери во превенција на коруптивните активности и борба против корупцијата, се вели во денешното соопштение од американскиот Стејт департмент.

– Корупцијата го помага меѓународниот криминал, тероризмот, спречува економски развој и владеење на правото и ја поткопува демократијата, се наведува во соопштението, при што се додава дека корупцијата претставува закана и за американската национална безбедност.

Стејт департментот нагласува дека САД преку американската Агенција за меѓународен развој им помагаат на земјите партнери да изградат транспарентни и одговорни институции и да го зајакнат својот судско-правен систем за прогон на криминалците.

– Ги поддржуваме граѓанскиот сектор и новинарите кои ја откриваат корупцијата и ги држат политичарите и другите актери одговорни пред законите. Помагаме проекти за враќање на украдените буџетски средства и ги поддржуваме граѓанските иницијативи за борба против ова зло. Спречуваме корупција со поддршка на глобални иницијативи за зајакнување на доварбата на граѓаните во државните органи и ова води кон поголема глобална безбедност, наведува Стејт департментот.

Во соопштението се истакнува дека сите корумпирани актери треба да бидат изнесени пред лицето на правдата.

– Тоа го правиме преку санкции за корупција и за кршење на човековите права во рамките на глобалниот закон „Магнитски“ за одговорност за прекршени човекови права, се вели во соопштението на Стејт депертментот.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни