Стејт Департмент: Да им се дозволи безбедно заминување на странските државјани и Авганистанците кои сакаат да ја напуштат земјата

Од:

„Со оглед на влошената безбедносна ситуација, ги повикуваме сите страни да го почитуваат и поддржуваат безбедното и организирано заминување на странските државјани и Авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата. Оние кои се на власт во Авганистан се одговорни за заштита на човечки животи и имот, како и за воспоставување ред. Мора да им се дозволи на Авганистанците и странските државјани кои сакаат да заминат. Патиштата, аеродромите и границите мора да останат отворени и да се одржи мирот“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„Авганистанците заслужуваат да живеат безбедно и достоинствено. Ние во меѓународната заедница сме подготвени да им помогнеме“, се додава во соопштението.

Во документот се наведени и земјите што ја потпишаа изјавата на Американците, кои неодамна се повлекоа од Авганистан. Меѓу нив е и С. Македонија.

Земјите потписнички се: Албанија, Австралија, Австрија, Бахами, Белгија, Буркина Фасо, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Чешка, Данска, Доминиканска Република, Ел Салвадор, Естонија, висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Микронезија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Гана, Грција, Гватемала, Гвајана, Хаити, Хондурас, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Косово, Летонија, Либерија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалските Острови, Мавританија, Црна Гора, Науру, Холандија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Нигер, Норвешка, Палау, Панама, Парагвај, Полска, Португалија, Кватар, Јужна Кореја, Кипар, Романија, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Шпанија, Суринам, Шведска, Того, Тонга, Уганда, Обединетото Кралство, Украина и Јемен.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан