Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир изјави денеска дека ставот на Ријад за Сирија не е променет и нагласи дека сирискиот претседател Башар ал Асад нема иднина во Сирија.
Ал Џубеир говореше на заедничката прес-конференција со францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, кој ја повика Русија да го искористи своето влијание за да го спречи Асад во користење на барел бомби во судирите во Сирија.
– Париз не сакаше Сирија да западне во хаос, рече Фабиус.