Статистика: Стандардот на богатите во Франција зголемен, кај сиромашните – намален

Од:

Животниот стандард на најсиромашните Французи дополнително е намален за време на кризата во 2010 година, за разлика од богатите кои во истиот период станале уште побогати, се вели во податоци на Заводот за статистика на Франција, Инсее.

Просечниот доход на француските домаќинства на годишно ниво во 2010 година бил 19.270 евра, а на месечно 1.610 евра – 0,5 отсто помалку во однос на 2009 година. Но, во анализата се вели дека сиромашните реално почувствувале многу поголем пад на стандардот бидејќи доходите на пет отсто најбогати Французи не само што не се намалени тукусе зголемени за 1,3 отсто.

Приходите на 30 отсто најзагрозени француски домаќинства се намалени за 1,3 до 1,6 отсто. Во исто време, приходите на најбогатите домаќинства во истиот период се зголемени за 0,3 отсто. Бројот на лица кои се раб на сиромаштија во Франција во 2010 година е зголемен за 440.000 во однос на 2009 година.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина