Статистика: Намален бројот на жители во Германија

Од:

Германци има 1,5 милиони помалку отколку што досега беа податоците, укажуваат резултати од попис на населенеито во 2011 година, според кои во таа држава живеат 80,2 милиони луѓе, а не 81,8 милиони колку што беа досега цифрите, јавуваат германските медиуми.

Директорот на Сојузното биро за статистика Родерих Егелер истакна дека во Германија има 1,5 милиони помалку луѓе отколку што досега статистиката посочувала, а медиумите додаваат дека е намален и бројот на странци во државата, што е една од причините за вкупното намалување на бројот на жители.

Според пописот од 2011 година, бројот на Германци е намален за околу 428 илјади или 0,6 отсто. Во државата сега живеат 74 милиони Германци односно 92,3 отсто од вкупниот број жители.

Намален е и бројот на странци – 6,2 милиони односно 7,7 отсто од вкупниот број жители. Со тоа бројот на странци е намален за 14,9 отсто односно за 1,1 милион во однос на податоци пред последниот попис.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија