Стармер направи гаф повикувајќи на прекин на огнот на Блискиот Исток

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер направи гаф на денешната конференција кога повика на враќање на израелските „колбаси“, мислејќи на заложниците кои Хамас ги киднапираше на 7 октомври.

Британскиот премиер, обраќајќи и се на јавноста во Ливерпул, направи грешка и брзо се поправи, а притоа повика на смирување на тензиите на Блискиот Исток. Тој ги измеша зборовите „заложници“ и „колбаси“, кои слично се изговараат на англиски, пишува Политико.

„Повторно повикувам на воздржаност и деескалација на тензиите на границата меѓу Либан и Израел. Повторно повикувам на итен прекин на огнот во Газа, враќање на колбасите… заложниците… и решение за две држави, призната палестинска држава заедно со безбеден Израел“, рече Стармер.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан