Стапија во сила мерките од воениот договор меѓу Северна и Јужна Кореја

Од:

Зона за забрана на летови и забрана за воени вежби во близина на границата меѓу Северна и Јужна Кореја се дел од мерките кои денеска стапија во сила, а се дел од воениот договор склучен во октомври меѓу двете Кореи во Пјонгјанг.

Мерките вклучуваат и запирање на „непријателското дејствување“ и постепено отстранување мини и стражарски места во демилитаризираната зона.

– Јужна и Северна Кореја во целост ја отстранија опасноста од воен судир согласно воениот договор, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во Парламентот.

Тој дополни дека двете Кореи и САД ќе постигнат целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и „траен мир заснован врз цврста доверба“.

САД изразија загриженост дека договорот би можел да ја поткопа одбранбената способност во услови кога бавно се одвива денуклеаризацијата на Северна Кореја, иако Вашингтон вчера го поддржа договорот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ