Социјалната мрежа „Фејсбук“ и покрај тоа што се труди со своите апликации и сигурносни поставки да им овозможи на корисниците што поголема контрола над видливоста и делењето содржини со луѓето кои се или не ни се пријатели, се чини дека во светот на Интернетот ниту една препрека не е несовладлива.
На спротивната страна на огромниот тим експерти на Марк Зукерберг, се најде еден програмер, Оливер јех, кој покрена страница „Сталкбук.орг“ (Stalkbook.org), која на своите корисници им овозможува да „фрлат око“ на профилите кои се заклучени и не делат информации со корисниците кои не им се пријатели.
„Сталкбук“ се потпира на софтверот на „Фејсбук“ наменет за програмерите и им овозможува да влезат во сите ваши податоци. Тоа значи дека кога ќе се логирате на „Сталкбук“ добивате „моќ“ која ја имаат програмерите и можете да влезете каде што сакате.
Сепак, експертите сметаат дека „Сталкбук“ наскоро може да се затвори бидејќи „Фејсбук“ многу лесно би можел да покрене основана тужба поради кршење на правилата за користење. Затоа, советуваат експертите, избришете ги сите „спорни“ работи од своите ѕидови.