Српски државјанин крвнички убиен од својот цимер додека бил на привремена работа во Бремен

Од:

Во стан во Бремен, Германија, брутално е убиен Ненад З. од Тутин (Србија), а само еден ден подоцна неговото тело било пронајдено искасапено во станот.

Како што пренесуваат германските медиуми, грозоморното злосторство било откриено вчераутро кога несреќникот од Тутин не дошол на работа. Наводно, истражителите се сомневаат дека убиецот е неговиот цимерот, кој прво го заклал, а потоа му го искасапил телото. Според локалните медиуми, се уште не се знае дали осомничениот цимер е уапсен и изведен пред лицето на правдата.

Истрагата е во тек, а германските истражители ќе го утврдат мотивот на ова грозоморно злосторство кое ги потресе сите луѓе кои го познавале убиениот. Инаку, според пријателите на убиениот на социјалните мрежи, тој бил убиен од негов цимер кој по потекло е од Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД