Српски четник протеран од Романија

Од:

Романија го избрка про-рускиот српски националист, Братислав Живковиќ и му забрани влез во земја на НАТО на 15 години откако се обидел да обезбеди класифицирани информации на воени инсталации во земјата.

Живковиќ беше командант на српската четничка паравоена група која што отиде во Крим во 2014 година за да ја поддржи руската интервенција. Тој за медиумите изјави дека е неутрален кој што сака да им помогне на Русите кои што се борат против Украинците.

Според романските власти, Живковиќ покажал интерес во обезбедување класифицирани документи на клучни инфраструктурни и национални локации во југоистокот на Романија.

Тој бил фатен како фотографира воени радари на брегот од Црното море и како се обидел да ја емитува нивната ГПС локација.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ