Српската и чешката полиција во Нови Сад и Прага уапсиле пет членови на организирана криминална група која што се занимавала со трговија со кокаин. При акцијата запленети биле 8,4 килограми кокаин.
Двајца од уапсенти се српски државјани, еден црногорски, еден е со двојно српско и унгарско државјанство и петтитот е со двојно српско и чешко државјанство.
Групата продавала кокаин во Србија, Унгарија, Австрија, Италија, Германија, Словачка и Чешка.
Уапсените во Прага биле фатени како на купувач му продаваат 8,4 килограми кокаин, а истовремено била спроведена и акцијата во Нови Сад.