Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска за време на посетата на Харков, дека идната недела ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, за да разговараат за шестмесечниот конфликт меѓу Киев и проруските сили на истокот на Украина.
До средбата треба да дојде на самитот Европа – Азија, која ќе се одржи на 16 и 17 октомври во Италија.
На средбата меѓу двајцата претседатели ќе учествува и германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот и британскиот премиер Матео Ренци и Дејвид Камерон, како и уште некои лидери на земјите-членки на ЕУ, истакна Порошенко.
Тој нагласи дека тоа нема да бидат лесни преговори. Путин и Порошенко последен пат се сретнаа на крајот на август.