Во Варшава денеска започна средба на врвот на земјите од Централна и Југоисточна Европа, на која учествуваат претседателите на државите од Вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, како и на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија и Романија.
– Присуството на војниците на НАТО во Централна и Источна Европа треба да е соодветно на случувањата во Украина. Трагедијата со малезискиот авион треба да не мобилизира во изнаоѓање на решение за зајакнување на безбедноста во овој дел на ЕУ и НАТО, изјави при отворањето на форумот полскиот претседател Бронислав Коморовски.
Тој истакна дека „НАТО треба да се врати кон принципот за ефикасно гарантирање на колективна одбрана на своите членки“.
– Со посебно внимание ги следиме настаните меѓу Русија и Украина, разгледувајќи ги како односи меѓу западниот и источниот свет, додаде шефот на полската држава.