Средба на пратеникот на ОН за Јемен со лидерот на Хутите

Од:

Пратеникот на ОН за Јемен, Мартин Грифитс денеска во Сана се сретна со лидерот на јеменските шиитски бунтовници Хути, Абдел-Малек ал Хути, во обид да го убеди да се приклучи кон мировните преговори, јави ДПА.

Според портпаролот на Хутите, Мохамед Абдел-Салам, Грифитс и Ал Хути разговарале за „подготовките за идните консултации, за санкциите и економските мерки воведени кон јеменскиот народ и за актуелната хуманитарна состојба“.

Хутите не заминаа на мировните преговори за Јемен, одржани на почетокот на месецов во Женева под покровителство на ОН, затоа што нивната делегација одби на отпатува за Швајцарија со авион на Светската органзација, како претставниците на другите завојувани јеменски страни, туку инсистраа да патуваат со летало на „Оман Ер“.

Јеменскиот сосед Оман е неутрален во конфликтот во земјата за разлика од останатите држави на Арабискиот Полуостров, кои ја поддржуваат меѓународно признатата Влада на Јемен и извршуваат воздушни напади врз Хутите и нивните сојузиници.

ОН се ангажираа за прекин на војната во Јемен, предупредувајќи дека земјата се соочува „најстрашната хуманитарна катастрофа во светот“, при што околу 22 милион лица или три четвртини од јеменското население зависат од меѓународната помош.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

ВИДЕО: Американците урнаа свој авион над Црвеното море

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина