Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ќе разговара денеска во Њу Делхи со колегите од Индија и од Кина, Сушма Сварај и Ванг Јием, меѓу останатото и за меѓународните проблеми.
МНР на Русија соошти дека министрите од Русија, Кина и од Индија ќе разговараат за проблемите на Блискиот исток и Корејскиот Полуостров, како и за заедничката борба против тероризмот, спречување на трговијата со дрога, јакнење на меѓународната информациска безбедност.