Цела источна Европа предводена од Србија се рангира прилично високо на листата на најголеми конзументи на цигари, покажува истражувањето спроведено од „World Lung Foundation“ и „American Cancer Society“.
Просечен број на испушени цигари изнесува две илјади, но во Србија тој број е 2.861, пренесува „The Washington Post”.
На Србите „на врвот“ друштво им прават Грција и Бугарија
Од источноевропските земји се издвојува Романија во која од неодамна се воведени построги закони за пушење. Се очекува дека и Русија ќе падне на 4-тото место поради острите забрани. Земји каде што најмногу се пушат цигари, надвор од овој дел од Европа, се Јужна Кореја, Казахстан и Јапонија.
Истражувањето поокажува дека во сиромашните земји луѓето немаат навика да пушат. Просечниот Индиец пуши вкупно 96 цигари годишно, а во Етиопија таа бројка е уште помала – 46.
Интересен е податокот за САД, каде што ако бројот на испушени цигари дојде до нивото на Индија, американските тутунски компании би банкротирале во рок од 24 часа.