Србин во Дрезден се обидел да ја убие поранешната девојка

Од:

Србин (45) е уапсен во германскиот град Дрезден под сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

Како што соопшти јавното обвинителство, обвинетиот се товари дека во неделата на 7 јануари околу 4:30 часот на улицата Рудолфштрасе во Дрезден Нојштад со нож нападнал жена (36), инаку поранешна негова девојка.

Оштетената била прободена со нож во вратот и со тешки повреди е пренесена на лекување во болница, а осомничениот по убодот побегнал. Но, благодарение на очевидците набрзо бил идентификуван, полицијата го пронашла и го уапсила.

– Србинот и германката имале кратка љубовна врска – наведува јавното обвинителство.

Сепак, пред извесно време двојката раскинала, а според извори жртвата не го очекувала нападот.

– Сè се случи одеднаш. Се утврдува кој бил мотивот за бруталниот обид за убиство. Надлежен истражен судија по барање на јавен обвинител издаде наредба за апсење на осомничениот маж. По апсењето му е одредена мерка притвор – соопштија истражителите за германските медиуми.

Како што додаваат, уапсениот српски државјанин и претходно неколку пати бил осудуван.

– Тој се уште нема дадено никакви изјави во врска со обвинението за обид за убиство на неговата поранешна партнерка – наведуваат изворите.

Би можело да ве интересира

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Загреб: Мајка влегла во Сава со своето девојче

Горан Наумовски

Мајка со дете влегла во Сава, во тек е потрага по детето

Горан Наумовски

Србин уапсен во Звечан поради закани кон Курти