Последните години се се почести предупредувањата за ширење на озонската дупка, но најновата студија на НАСА покажа дека дупката во Земјината обвивка над Антарктикот повеќе не се шири.
Анализата покажа дека на 11 септември површината на дупката изнесувала 24 милиони квадратни километри, што значи дека се задржала на истата површина како и во 2013 година.
Тоа во голема мерка е помала површина од онаа во 2000 година, кога достигна историски висок рекорд од речиси 30 милони квадратни километри.
Фактот кој посебно охрабрува е тоа што дупката стагнира од 2010 година.
Озонската обвивка формира слој околу планетата и штити од штетното ултравиолетово зрачење кое предизвикува рак на кожата и оштетување на билките.
Сепак, можеби прерано е за радување. Едно ново истражување покажа дека во атмосферата се наоѓа неочекувано големо количество јаглен тетрахлорид, кој ја прекинува хемиската струкура на озонот и го уништува.