Спречена катастрофа со брод кој пренесувал илегални имигранти во близина на Италија

Од:

Италијанските власти презедоа контрола врз товарен брод со стотици мигранти кој бил оставен од екипажот и пуштен да плови без да биде управуван.

Патник од бродот Блу скај ем дал сигнал по телефон до спасувачки служби дека бродот има проблеми. Од Грција била испратена помош, но капетанот на бродот јавил дека се е во ред и оти нема потреба за помош.

Подоцна бродот се упатил кон италијанското јужно крајбрежје и кога се приближил до пристаништето Санта Марија ди Леука два хеликоптера го провериле.

Припадници на спасувачките служби спуштиле свои луѓе на бродот каде било констатирано дека екипажот побегнал и бродот плови без да биде управуван. Портпарол на крајбрежната стража изјави дека со преземањето на бродот е спечена катастрофа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале