Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречила терористички напад во една од административните згради во Москва и приведе осомничен регрутиран од украинската специјална служба, соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ.

Како што јави ТАСС, приведеното лице е руски државјанин роден 1972 година, претходно осуден за убиство, изнуда и грабеж. Тој планирал да активира импровизирана експлозивна направа на место со голем број луѓе, соопшти ФСБ.

Според соопштението, осомничениот бил регрутиран од украинската служба во февруари 2025 година и имал задача да постави експлозивна направа со тајмер во една од административните згради во Москва.

Би можело да ве интересира

Москва: Путин ви порача заврши „балот на вампирите“

Горан Наумовски

Путин инсистира Зеленски да дојде во Москва

Тројца Руси планирaа напад врз руската железница на барање на украинските служби

Руски политичар почина под чудни околности во својата вила: Алексеј Скљар е пронајден мртов во Москва

Рекордни снежни врнежи во Москва и во Московскиот регион

Москва: Најобилни снежни врнежи во последните 56 години