Спречен обидот на ИД за заземање на Кобане

Од:

Курдските сили во сирискиот град Кобане денеска спречија нов обид на екстремстите од Исламска држава да го заземат градот.

– Во текот на ноќта коалицијата предводена од САД изврши пет напади врз позициите на ИД во Кобане, изјави курдскиот претставник Идриз Насен.

Во меѓувреме, американската армија соопшти дека и покрај охрабрувачките знаци, нападите можеби нема да го спречат заземање на Кобане од страна на ИД, додавајќи дека нејзин приоритет е борбата против исламистите во Ирак.

Припадниците на ИД ја гранатираа сириската страна од граничниот премин со Турција, која е единствена рута за снабдување на курдските борци, но и еднинствен пат за бегството на  цивилите од Кобане.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека џихадистите испртатила поголем број војници во Кобане.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија