(ВИДЕО) Спречен е масакр по натпреварот Челси – Фулам во Лондон

Од:

По завршувањето на лондонското дерби помеѓу Челси и Фулам, вистинска драма се одвиваше во близина на стадионот Стемфорд Бриџ“.

Лондонската полиција уапси вооружен човек под сомнение дека планирал масовна пукотница.

Според првите информации од британските медиуми, осомничениот бил во целосна борбена опрема – носел панцир и кацига, а со себе имал и огнено оружје и дополнителна муниција.

Полицијата реагирала веднаш по завршувањето на натпреварот и успеала да го неутрализира пред да може да го употреби оружјето.

Веднаш била започната истрага, а сè уште не е познато дали станува збор за план на поединец или членови на организирана група.

Лондонските власти инсистираат на откривање на сите детали.

Во моментов нема многу информации.

Би можело да ве интересира

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да испорачуваме опрема

Нетанјаху го навреди Лондон за да му се закани на Техеран: „Британија е првата Исламска Република со нуклеарно оружје“

(ВИДЕО) Жена избоде четворица мажи во центарот на Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

Четворица тешко ранети во пукотница во Лондон

Горан Наумовски

Три години од масакрот во „Рибникар“, убиецот е во институција, на неговите родителите сè уште им се суди

Горан Наумовски