Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Од:

Кинескиот претседател Си џинпинг претставува закана за Европската унија и нејзините вредности, напиша милијардерот Џорџ Сорос, во авторски текст за Проџект Синдикат.

Според Сорос, „ниту политичарите ниту шефовите на европската индустрија не ја сфаќаат навистина заканата што ја предизвикува Кина на Си“.

Тој посочува дека по Брегзит во Велика Британија постои особено голема желба да се прегрне Кина, затоа што британскиот премиер Борис Џонсон сака да се оддалечи од ЕУ што е можно повеќе и да изгради слободен пазар ослободен од регулативите на ЕУ.

– Јасно ми е дека под Си, Кина претставува закана за вредностите врз кои е основана ЕУ. Очигледно, ова не им е јасно ниту на лидерите на земјите членки на ЕУ, ниту на лидерите во индустријата, особено во Германија, пишува Сорос.

Според него, наместо да водат однапред загубени битки против доминацијата на Хуавеј на пазарите на 5G, САД и ЕУ, или само ЕУ, треба да соработуваат во градењето на Ериксон и Нокиа како одржлива конкуренција.

Во текстот се наведува и дека Си ќе се состане со шефовите на држави и влади на 27-те земји членки на ЕУ на самитот ЕУ-Кина во Лајпциг во септември.

Тој додава дека Европејците мора да сфатат дека кинескиот претседател ќе ја освои неопходната политичка победа доколку европските шефови на држави и влади не го повикаат на одговорност и не го доведат во прашање неговото непочитување на човековите права, особено во Тибет, Синџијанг и Хонг Конг.

– Само кинеското политичко раководство може да одлучи за иднината на Си. Штетата предизвикана од неговото лошо управување со епидемијата на коронавирус стана толку видлива што тоа сигурно го препознаваат и кинеската јавност и Политбирото. ЕУ не би требало свесно да го олесни неговиот политички опстанок, заклучува Сорос.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски