Според Москва, Макрон и Путин престанале телефонски да разговараат затоа што Франција е „непријателска“ земја

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон немале телефонски разговор од пред два месеци, бидејќи Франција е „непријателска“ земја, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.

Како што пренесува дописникот на МИА, тој изјавата ја даде како одговор за новинарите кои го прашаа за отсуството на телефонска комуникација меѓу двајцата лидери.

„Тие не се јавуваат затоа што мислат дека не е вистинското време, а во моментов тоа едноставно не е потребно. Доколку се појави потреба, тие можат да се јават за една минута“, продолжи Дмитриј Песков.

Последната официјална размена меѓу Емануел Макрон и неговиот руски колега датира од 28 мај, кога двајцата лидери особено разговараа на телефон, со германскиот канцелар Олаф Шолц, за судбината на украинските војници заробени од руската армија.

Претходно, францускиот претседател имаше телефонски разговори со рускиот претседател на почетокот на мај, почетокот на март и пет пати во февруари во екот на зголемените тензии до офанзивата на Кремљ во Украина на 24 февруари. Тој, исто така, лично отиде во Москва на 7 февруари за да се сретне со шефот на Кремљ.

Москва го обвини Париз за кршење на „дипломатскиот бонтон“ на почетокот на јули. Во прашање е документарниот филм „Претседател, Европа и војна“, емитуван на „Франс 2“. Секвенца од филмот покажа размена меѓу Емануел Макрон и Владимир Поутин, четири дена пред почетокот на руската офанзива во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп