Според Москва и Каиро, Женевското коминике обезбедува база кон политичко уредување во Сирија

Од:

Москва и Каиро го споделуваат мислењето дека Женевското коминике ја содржи базата, неопходна кон политичко уредување во Сирија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со египетскиот колега Мохамед Амр.

– Според нашето заедничко мислење народите од регионот имаат право сами да ја решаваат судбината без мешање од надвор, врз основа на национален дијалог и согласност. Се објавуваме против решавањето на тие прашања преку надворешно мешање, рече Лавров.

– Од таа гледна точка разменивме детални оценки за ситуацијата во Сирија. Имаме разбирање дека апсолутен приоритет е најбрзото запирање на огнот, за да биде спасен животот на мирните сириски граѓани, истакна тој.

Запрашан од западни новинари кога меѓународната заедница ќе реши дали Асад треба да си оди, Лавров истакна:

– Со целата почит кон светската заедница, решението, природно, останува за сирискиот народ“. Тоа е принципиелната позиција на Русија, додаде тој.

– Евентуалното воено мешање во Сирија би довело до катастрофа, изјави Мохамед Амр, истакнувајќи дека позицијата на Египет останува непроменета веќе две години, откако трае кризата.

Според египетскиот министер, решението на сириската криза се наоѓа во самата земја.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија