Според Фејсбук, за глобалниот прекин виновна е „неисправната промена на конфигурацијата

Од:

Фејсбук ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Вотсап (WhatsApp), Инстаграм и Месинџер. Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.

Неколкумина вработени во Фејсбук, кои побарале да останат неименувани, за западни медиуми рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на сообраќајот преку интернет.

Неисправностите на алатките за комуникација преку интернет и другите ресурси што зависат од истата мрежа го влошија проблемот, велат вработените. Безбедносните експерти не ја отфрлија можноста за ненамерна грешка, ниту за саботажа.Фејсбук и Инстаграм почнаа да се поврзуваат на интернет во понеделникот точно пред полноќ, речиси шест часа по глобалниот пад.

Фејсбук и неговите апликации „Ватсап“ и „Инстаграм“ се урнаа вчера доцна попладнето, а некои корисници на „Фејсбук“ почнаа да добиваат делумен пристап до социјалната мрежа околу 23.45 часот. Губењето на врската беше втор удар за тој гигант на социјалните медиуми во неколку дена, откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.

Акциите на Фејсбук, кој има скоро две милијарди активни корисници дневно, ја загубија вредноста по извештајот на свиркачот и паднаа за уште 5,3 проценти вчера во попладневнотоо тргување. Мрежите станаа недостапни бидејќи корисниците не беа упатени на вистинското место преку т.н. DNS систем чии поставки се контролирани од Фејсбук, што покажува дека проблемот е внатрешен. Изгледа дека надворешен упад е помалку веројатен, јавија американски медиуми. Фејсбук призна дека корисниците имаат проблеми со пристапот до неговите апликации, но не даде никакви детали колку врз нив влијаел прекинот на работата.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он